На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот, се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“ на проф. д-р Никос Чаусидис. На настанот во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, а поддржан од Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија, присуствуваа околу 200 посетители.

nastan1

Проф. д-р Чаусидис се обиде низ неколку најилустративни примери да покаже дека некои митско – религиски структури можат да се следат на оваа територија континуирано од праисторијата до денес, некогаш во траење и од 7 000 години. Станува збор за архетипски феномени кои не само што се транс-временски, транс-културни и транс-национални, туку се и транс-религиски.

nastan3
На настанот присутните можеа да се информираат и за отворените образовни ресурси, како и да ја потпишат Декларацијата за ООР на Македонија.

Сподели: