Мени

Покана за конференција / Conference invitation

 

[English version bellow]

Почитувани,

Во име на Организацискиот одбор, имам чест да Ве поканам да земете учество на Третата меѓународна конференција е-Општество.Мк, која од 29 до 30 ноември 2007 година ќе се одржи во Скопје, во хотелот Холидеј Ин.

Оваа година фокус на конференцијата е развој на инклузивна е-власт. На конференцијата експерти, носители на одлуки, претставници на групи за застапување и други заинтересирани страни од Македонија, Југоисточна Европа и ЕУ ќе споделат знаења и искуства низ низа панел-дискусии и тркалезни маси.

Учесниците е потребно да се регистрираат до 16 часот на 26 ноември 2007 година, преку официјалниот веб-сајт на конференцијата:

www.e-society.org.mk

На веб-сајтот е достапна и агендата на конференцијата.

Конференцијата е поддржана од ФИООМ преку програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства, којшто ја покрива и котизацијата за учество. Доколку сте спречени да земете директно учество на конференцијата, може да ја искористите можноста да назначите соработници кои би ве замениле.

Вашето учество на конференцијата ќе обезбеди голем придонес за постигнување на нејзините цели.

Со почит,

Бардил Јашари

Dear colleague,

In the name of the Organizing Committee, I have the honor to invite you to take part in the Third International Conference e-Society.Mk, which will take place in Skopje on the 29th and 30th of November, 2007 in Holiday Inn hotel in Skopje.

The focus of the conference is inclusive e-government. The conference will gather experts, policymakers, advocacy groups and other stakeholders from Macedonia, the SEE Region and EU to share knowledge and experiences through series of panel and roundtable discussions.

The draft agenda and the application form for the Conference are available on its website

www.e-society.org.mk

The participants need to register by 16:00 hrs on November 23, 2007.

In case you are unable to attend the conference, you can assign other colleagues to represent your institution. The tuition costs are covered by the Foundation Open Society Institute Macedonia through the East East: Partnership Beyond Borders program.

Your participation in the Conference will provide great contribution to the accomplishment of its goals.

Sincerely yours,

Bardhyl Jashari

Поддржано од / Supported by:


 




Поврзани натписи