Мени
bilten_mk

Metamorphosis e-Bilten #1 – Septemvri 2006

bilten_mk

Scroll down for the English version.

Тираж: 238.

Filip StojanovskiДраги читател(к)и,
Ви посакуваме добредојде во првиот број на е-билтенот на Метаморфозис, едновремено искажувајќи благодарност за гостопримството во вашето поштенско сандаче.
Е-билтенот го дистрибуираме еднаш месечно до лица кои експлицитно изјавиле дека сакаат да примаат информации поврзани со развојот информатичкото општество по е-пошта, преку нашиот веб-сајт, личен контакт или при учество на наши настани. Во првото издание Ви претставуваме и месечни рубрики со забавни и полезни содржини. Во идните броеви, овој простор ќе биде искористен и за објавување авторски текстови од наши соработници на актуелни теми.

По повод Денот на слободниот софтвер – 16 септември , Метаморфозис подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“, кое содржи канцелариски и друг слободен софтвер. Меѓу другите, вклучен е и пакетот Опен офис (OpenOffice.org), на македонски и англиски јазик, како и упатство за негово користење (е-книга) на македонски јазик.

Со почит,
Филип Стојановски
, програмски координатор

Вести: Македонија

Вести: Свет

Активности на Фондацијата Метаморфозис

Термин на месецот
Отворен пристап (Open access) се однесува на бесплатна достапност на дигитални содржини преку интернет. Најпозната и најлесно изведлива форма на отворен пристап е објавување стручно рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа.

(Повеќе за терминот на месецот може да се прочита на Википедија на македонски, во написот подготвен од персоналот на Метаморфозис.)

Совет на месецот
Доколку не ви се допаѓаат смешковците (емотикони, смајлија) од новата верзија на Ајсикју (ICQ), може да ги вратите старите преку менито „Main/Preferences/Skin/Appearance“. Во делот „Change your ICQ Sounds and Emoticons“, кај „emoticons“ одберете „change“, а потоа селектирајте го фолдерот „OldSmilies“.

Апликација на месецот
Snipshot.com овозможува директна обработка на слики, со опции за промена на димензиите, сечење делчиња (кроп) и ротирање, сè преку интернет.

Анкета
Во изминатиот период, анкетното прашање на веб-сајтот на Метаморфозис беше „Која програма ја користите за читање на е-пошта?“ Од вкупно 327 гласови, 37% се за Аутлук, 33% за Тандербрд, 16% користат веб-мејл, а преостанатите 14% други опции.
Новото анкетно прашање е: „Дали би купувале преку интернет?“

Препорачани линкови

  • W3 Schools упатства за уредување на код во HTML и со CSS
  • DOAJДиректориум на научни списанија со отворен пристап
  • Хрчак – Хрватски портал за научни списанија
  • BlogSafety.comфорум за родители, деца, тинејџери, наставници и експерти
  • Microsoft: Security at Homeсовети за зголемена безбедност на децата преку видео-клипови и написи

Издавач: Фондација Метаморфозис, ул. Наум Наумовски Борче 88а, 1000 Скопје. Тел. +389(0)2 3109 325, факс +389(0)2 3225 206. Е-пошта info@metamorphosis.org.mk, веб-сајт www.metamorphosis.org.mk.

bilten_en

Circulation: 238.

Filip StojanovskiDear readers,
Welcome to the first issue of the Metamorphosis e-Newsletter, and thank you for the opportunity to visit your inbox.
The e-newsletter is distributed monthly only to persons who explicitly requested to receive e-mails with information about information society, either by signing up on our website, through personal contact or forms during events organized by Metamorphosis. In the future issues, this space will be used for opinion pieces covering current issues by our associates.

On the occasion of Software Freedom Day (September 16) , Metamorphosis Foundation published “Get Your Job Done!” CD, containing free and open source software (F/OSS). Its flagship application is the Macedonian version of OpenOffice.org, supported with Macedonian language manual (e-book).

Respectfully yours,
Filip Stojanovski, Program Coordinator

News: Macedonia

News: World

Activities of Metamorphosis Foundation

Word of the month
Open Access is the free online availability of digital content. It is best-known and most feasible for peer-reviewed scientific and scholarly journal articles, which scholars publish without expectation of payment.
(Read more on Wikipedia. Metamorphosis’ team updates the Macedonian version with the definitions for the terms from this section.)

Tip of the month
If you don’t like the emoticons from the new version of ICQ, you can have the old set back via the menu “Main/Preferences/Skin/Appearance”.
In the section “Change your ICQ Sounds and Emoticons”, click the “change” for “emoticons” and then select the “OldSmilies” folder.

Application of the Month
Snipshot.com enables direct photo editing over the internet, with options for resizing, cropping and rotating, with full upload and download support.

Survey
The current survey on Metamorphosis website asked “Which e-mail software do you use?” The survey generated 327 responses, out of which 37% votes for Outlook, 33% for Thunderbird, 16% for webmail applications and 14% for other options.
The new survey question is “Are you willing to shop via internet?”

Recommended links

Published by Metamorphosis Foundation. ul. Naum Naumovski Borche 88-a, 1000 Skopje. Tel. +389(0)2 3109 325, fax +389(0)2 3225 206. E-mail info@metamorphosis.org.mk, web www.metamorphosis.org.mk.

Поврзани натписи