ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа

12.02.2016

Проекти

Доброто владеење е клучно за владеењето на правото. И додека прашањата поврзани со корупција, транспарентност, владеење на правото и добро владеење постојано се во вниманието, сепак постои недостаток на разбирање и системски проблеми кои не добиваат доволно покривање. Проектот цели кон подигање на важноста на овие предизвици преку овозможување на соработка помеѓу граѓанските организации и здружени стратешки напори за застапување.

Проектот ACTION SEE е создаден врз основа на искуствата на партнерите во проектот од сите инволвирани земји стекнати преку имплементација на проекти на национално, регионално и меѓународно ниво со цел да се зајакнат граѓанските организации за поефикасно и значајно вклучување на процесот на креирање политики.

ACTION SEE овозможува платформа за дијалог меѓу важните чинители и конкретна алатка за мерење на придржувањето на државните институции кон принципите и стандардите на отворена влада (индекс на отвореност).

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Специфични цели на проектот:

  • Промовирање на динамично граѓанско општество кое ефикасно ги мобилизира граѓаните за активно вклучување во прашања поврзани со владеење на правото и доброто владеење и влијае на политиките и процесите на донесување на одлуки на национално и регионално ниво.
  • Зајакнување на механизмите за дијалог помеѓу граѓанските организации и владините институции и влијание на доброто владеење и реформите на јавната администрација.
  • Поттикнување на вмрежување на граѓанските и медиумските организации на регионално ниво и ниво на ЕУ, овозможувајќи размена на знаење, вештини и врски и зголемување на влијанието на нивните напори за застапување.

Координатор на проектот:

Фондација Метаморфозис

Македонија

Веб-страница: www.metamorphosis.org.mk

 

Партнерски организации:

Westminster Foundation for Democracy

Велика Британија

Веб-страница: www.wfd.org

 

CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability

Србија

Веб-страница: www.crta.rs

 

Citizens Association Why not?

Босна и Херцеговина

Веб-страница: http://zastone.ba

 

Center for Democratic Transition

Црна Гора

Веб-страница: www.cdtmn.org

 

Open Data Kosovo (ODK)

Косово

Веб-страница: http://opendatakosovo.org

 

Levizja Mjaft!

Албанија

Веб-страница: www.mjaft.org

 

Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.

mediumski-item-img-1.png

(ДИГИЛОК) Дигитална трансформација на локално ниво - Вклучена заедница за отпорност на корупција

Сузбивањето на корупцијата е суштинско за зголемување на довербата во институциите, заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување. Граѓаните ja препознаваат корупцијата како најголем проблем, а коруптивниот притисок и виктимизацијата се значително

mediumski-item-img-1.png

ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа - 2022

ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владата во регионот

mediumski-item-img-1.png

Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA

Име на проектот: Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда– ICEDA Цел на проектот Проектот има за цел да го зголеми учеството на граѓанските организации (ГО) во обликувањето и имплементацијата на Дигиталната агенда