Веќе повеќе од една година, сите обуки, работилници или состаноци се одржуваат исклучиво преку Интернет. Се случи огромна транзиција, сите настани, состаноци, презентации, обуки, работилници наместо во живо се одвиваат онлајн. Улогата на фасилитаторот на обуката стана пресудна, од неговите тактики, методи и начини на водење на онлајн настаните во голема мера зависи ангажираноста на публиката.

Со цел подобрување на дигиталните и тренинг вештините на фасилитаторите како дел од програмата Еразмус + од 9 март до 19 март членови од тимот на Метаморфзоис заедно со партнерите од Techsoup Europe организирaa две, 3 дневни работилници на кои учествуваа фасилитатори од 6 земји партнери на Techsoup Europe: Австрија – Fundraising Verband , Унгарија – NIOK Alapítvány – Nonprofit.hu, Италија – TechSoup Italia, Северна Македонија – Metamorphosis Foundation, Бугарија – ФРГИ и Полска – TechSoup Polska .

На првиот онлајн тренингот со наслов „Training Methodology to assist the social sector on their digital transformation journey“учествуваа 22 учесници од 6 земји. Тие имаа прилика да научат како се развива една обука, учење на возрасните и создавање ефективна и безбедна средина за учење. Она што беше посебно интересно е тоа што групата практикуваше различни методи за олеснување, вклучително и тестирање на разни онлајн енергетски средства.

Учесниците имаа прилика да научат методи и тактики како да бидат подобри фасилитатори при водење на обуки и работилници. Бидејќи улогата на фасилитаторот е од исклучителна важност, неговиот начин на водење на обуката или работилницата и начин на комуникација со учесниците е пресудна за успешноста на самата обуката. Доколку фасилитаторот е интересен и забавен, учесниците имаат поголема концентрација и нивниот општ впечаток е дека обуката била успешна.

Втората работилница „Создавање ефективни кампањи за борба против намалувањето на граѓанскиот простор“ имаше за цел развивање на знаење и вештини за дизајнирање моќни кампањи за застапување кои инспирираат надеж и освојуваат срца и умови – користејќи раскажување приказни и наративна стратегија. Група од 20 учесници истражуваше алатки за размислување на системи за да идентификува стратегии што ги решаваат основните причини за проблемите што ги доживуваат во врска со намалувањето на граѓанскиот простор и унапредување на целите на застапување.

На крај од обуките, организатoрите добија пофалби од страна на учесниците за корисноста и успешноста на обуката.

Доколку сакате да прочитате повеќе за тактиките и вештините за успешно водење на онлајн настани упатете се на следниов линк. https://www.techsoupeurope.org/how-to-run-engaging-online-meetings/.

 

Активностите се спроведени во рамки на проектот „Зајакнување на граѓанското општество преку обука и едукација“ финансиран од Европската Унија преку Еразмус + програмата.

 

Сподели: