На 5 јуни 2024 година, Фондација Метаморфозис одржа обука за дигитална безбедност наменета за вработените во партнерската организација ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Обуката се одржа во просториите на Фондацијата Метаморфозис во Скопје и беше проследена од десетина учесници.

На обуката присутните се запознаа со поимот дигитален отпечаток, значењето на безбедноста и сигурноста во дигиталниот свет и сетирањето добра лозинка и повеќефакторската автентикација, како и со улогата на социјалниот инженеринг во безбедноста и заштитата.

Предавачи на обуката беа Горан Ризаов, менаџер на програмата Медиуми за демократија и едукација за иновации во Фондација Метаморфозис и Нино Наумов, ИТ специјалист во Фондација Метаморфозис.

Обуката е дел од Програмата за дигитален активизам, спроведувана од Фондација Метаморфозис, а поддржана од TechSoup Global и има за цел да ги зголеми капацитетите на граѓанските организации од Македонија, Србија и Косово, особено во насока на отпорност кон дезинформации.

Сподели: