Тимот на Фондација Метаморфозис, на крајот на месец февруари 2024 година, учествуваше на средба со партнерите во рамките на Програмата за дигитален активизам на TechSoup.

Динамичниот конзорциум се состана во Прага, кадешто домаќин ни беше Sdruzhení VIA, за да се координира за текот на активностите, но и да се споделат успесите, предизвиците и плановите за иднина.

Средбата поттикна размена на знаења и соработка и беше одлична можност за градење перспектива и ретроспектива на веќе спроведените активности.

Дискусиите кулминираа со обновено чувство за цел додека колективно се стремиме да го искористиме дигиталниот активизам за позитивни промени и градење на општество отпорно на дезинформации.

Сподели: