На 7-ми декември 2023 година, Фондација Метаморфозис одржа обука за градење на позитивни наративи. Обуката се одржа во просториите на хотел Марк во Белград и беше проследена од 25 учесници – претставници од партнерски организации од Србија.

Обуката е дел од Програмата за дигитален активизам, спроведувана од Фондација Метаморфозис, а поддржана од TechSoup Global и има за цел да ги зголеми капацитетите на граѓанските организации од Македонија, Србија и Косово, особено во насока на отпорност кон дезинформации.

Предавачи на обуката беа Деспина Ковачевска и Владимир Петрески од Фондација Метаморфозис.

Во следниот период ќе се одржат обуки и во Косово и во Македонија.

Сподели: