На 25 јануари 2024 година, Фондација Метаморфозис одржа обука за визуелизации на податоци. Обуката се одржа во просториите на хотел Марк во Белград и беше проследена од 15 учесници – претставници од партнерски организации од Србија.
Обуката е дел од Програмата за дигитален активизам, спроведувана од Фондација Метаморфозис, а поддржана од TechSoup Global и има за цел да ги зголеми капацитетите на граѓанските организации од Македонија, Србија и Косово, особено во насока на отпорност кон дезинформации.
Предавач на обуката беше Горан Ризаов, менаџер на програмата Медиуми за демократија во Фондација Метаморфозис.
Сподели: