Фестивалот Dis-patch и оваа година ја продолжува соработката со најуспешната светска компанија во доменот на музичкиот софтвер, Ableton од Берлин. По успешните работилници и конкурси промовирани од 2007 година во Белград, Ableton Live доаѓа и во Македонија преку соработката со премиерното издание на de:sonanz фестивалот, првото релевантно македонско случување од фестивалски формат од доменот на современата електронска мзуика.

Платформата “Live” веќе долги години е официјално најуспешниот комерцијален музички софтвер, истовремено комплетна платформа за студиска работа и за изведување во живо, и се посигурно станува стандард во доменот на студиската музичка продукција, изведување во живо и снимање, DJ-инг, монтажа и дизајн на звук и пошироко. Од година во година, Ableton носи нови подобрувања и ја шири палетата на дополнителни апликации, додека интеграцијата со max/MSP средината желно се очекува и покренува вистинска мала револуција токму во моментот кога Ableton за прв пат официјално се претставува во Скопје.

ableton

Работилницата е бесплатна, но со строго ограничен број на учесници. Работилницата е наменета за почетници во познавањето на софтверот, но истовремено сакаме да помогнеме и на понапредните корисници во решавањето на нивните комплексни идеи. Сите учесници ќе имаат задача во текот на траењето на работилницата да реализираат минијатурно дело или скица, а најуспешните ќе имаат прилика да освојат оригинални верзии на софтверските пакети кој ги поклонува Ableton.

На крајот на работилницата ќе се одржи и презентација, која ќе се одржи на 30 септември во Кинотека на Македонија.

de:sonanz е меѓународен фестивал за електронска музика, уметност и нови медиуми што Гете-институт Канцеларија за врски Скопје го организира во соработка со локални и регионални партнери во рамки на Германските недели 2009.

Повеќе информации за de:sonanz фестивалот на: Twitter, Facebook, MySpace

Извор: ABLETON LIVE WORKSHOP: From scratch to track

Сподели: