Во рамки на дводневната обука за визуелизација на податоци, група од новинари и медиумски работници земаа активно учество за идентификација, анализа и подготовка на визуелизација на сет од податоци на одредена тема.
На истата беше претставен целиот процес на работа со податоци, како и едукација на тема: Што се податоци и кои се изворите на податоци во Македонија, како се врши напредно пребарување на „Гугл“, начини на чистење на податочни сетови, нивна верификација и анализа, како и визуелна презентација.
Од исклучителна важност е градењето на капацитетот на медиумите и медумските работници при користење на податочни сетови и можноста да се користат отворените податоци за прашања поврзани со отчетноста и транспарентноста на државните институции.
Обуката се спроведе во рамки на проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа.
Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.
Сподели: