Проектот Критинк ве поканува на вебинарот „Борба против говор на омраза на социјалните мрежи“ кој ќе се одржи на 29 октомври (вторник) од 11 часот како дел од Деновите на медиумска писменост.

Учесниците ќе стекнат знаења за основите на борбата против говор на омраза социјалните мрежи како дел од пошироката медиумска сцена.

Учеството е отворено и бесплатно, со претходна регистрација преку следниот линк:
https://register.gotowebinar.com/register/3202172987243857164

Агенда

  • Говорот на омраза како спротивност на слободата на изразување – основни поими
  • Говорот на омраза е кривично дело – законски рамки за заштита
  • Примери на говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи
  • Форми за борба против говор на омраза на социјалните мрежи (упатства)
  • Дискусија со прашања од учесниците и предлог-решенија

Предавачи
– Филип Стојановски, експерт за ИКТ и раководител на проектот „Критинк“
– Владимир Петрески, уредник на веб-сајтот „Критинк“ и експерт за проверка на факти

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ е спроведуван од Метаморфозис и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Повеќе информации за сите настани од „Деновите на медиумска писменост“ се достапни на веб-сајтот на Мрежата за медиумска писменост mediumskapismenost.mk.

Сподели: