На 15 април 2021 година, Observer Research Foundation America во партнерство со Министерството за одбрана на Северна Македонија, Министерството за надворешни работи на Холандија и Фондацијата Метаморфозис, беше домаќин на Дијалози за Глобална сајбер политика: Западен Балкан. Настанот беше организиран со цел поттикнување понатамошни дискусии за градење на капацитетите на Западен Балкан за решавање на клучните сајбер предизвици поврзани со мирот и безбедноста, сајбер безбедноста и сајбер криминалот, како и нарушувањето на информациите. Настанот го водеше Брус В. Меконел, почесен соработник од Observer Research Foundation America. Резимето од дикусиите се наоѓа на крајот на оваа страница.

На настанот, со свoи обраќања, учествуваа следните говорници:

  • Радмила Шекеринска Јанковска, министерка за одбрана на Северна Македонија.
  • Натали Јарсма, главна амбасадорка за Безбедносна политика и Интернет при Министерството за надворешни работи на Холандија.
  • Владимир Радуновиќ, директор за Е-дипломатија и Сајбер безбедност, DiploFoundation.
  • Крис Пеинтер, претседател на Фондацијата Глобален форум за сајбер експертиза (Global Forum on Cyber Expertise (GFCE) Foundation).
  • Вилма Томчо, генерален директор на Националниот орган за електронско сертифицирање и сајбер безбедност на Албанија.
  • Филип Стојановски, директор за развој на партнерства и ресурси во Фондација Метаморфозис.
  • Николаос Панагиоту, вонреден професор при Лабораторија за мировно новинарство, Школа за новинарство и студии за масовни медиуми, Унивезрит „Аристотел“ во Солун.
  • Франциска Клофер, проектен координатор во одделот за Европа и Централна Азија, при Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (Geneva Centre for Security Sector Governance (DCAF).

Овој настан беше дел од поголемата серија настани за Глобални сајбер дијалози организирани од американската истражувачка фондација Обсервер и Министерството за надворешни работи на Холандија чија цел е организирање регионални дијалози за решавање на клучните сајбер предизвици, зајакнување на мрежите составени од повеќе засегнати страни и зголемување на координацијата на регионалните иницијативи за градење на капацитети. Овие состаноци се наменети да ги надополнат тековните процеси за сајбер норми што се одвиваат на меѓународно ниво, како што се Отворената работна група на Обединетите нации (United Nations Open-ended Working Group – OEWG) и Група на владини експерти (Group of Governmental Experts – GGE).

Преземете го документот со заклучоците (.pdf)

Сподели: