Постигнувањето на вистинскиот баланс помеѓу иновацијата и одговорноста е од суштинско значење за обезбедување на дигитално опкружување кое вклучува решавање на проблеми како што се приватноста, пристрасноста, дискриминацијата и етичката употреба на вештачката интелигенција за заштита на човековите права. Како што вештачката интелигенција продолжува да навлегува во нашето секојдневно живеење, потребата за заштита на човековите права без задушување на технолошкиот напредок станува најголем предизвик.

Без да се намали важноста на другите сфаќања и начела, Истражувањето за ефектот на новите технологии, со особен фокус на вештачката интелигенција, врз човековите права на интернет, и развивање етички стандарди за заштита на човековите права на интернет при автоматско донесување одлуки ги издвојува следните етички стандарди кои се препознаваат како појдовна точка за создавање, примена и употреба на системи за вештачка интелигенција, а кои треба да претставуваат применливи, достојни и неприкосновени правила за зачувување на човечкото достоинство поради нивната сигурност, доверливост и одговорност кон луѓето:

Пoгледнете го целото истражување.

Овие визуелизации се изготвени во рамки на проектот Заштита на човековите права во ера на вештачка интелигенција – Metamorphosis со поддршка од Американска адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото.

Содржината пренесена во овие визуелизации е исклучиво на авторите и не е одобрена од Домот на делегатите или од Одборот на гувернери на Американската адвокатска комора, ниту од Иницијативата за владеење на правото на Американската адвокатска комора, ниту ја претставуваат позицијата или политиката на Американската адвокатска комора/Иницијатива за владеење на правото. Понатаму, ништо во оваа визуелизација не треба да се смета за давање правен совет за конкретни случаи. Содржината е одговорност на Фондација за интернет и општество Метаморфозис и не мора да ги одразува ставовите на донаторот или на АБА/АБА РОЛИ.

Сподели: