Метаморфозис фондација за интернет и општество во асоцијација со Европската мрежа на страндарди при проверка на факти и други учеснички организации лансираа база на податоци за климатски факти Европа, поддржана од Европската климатска фондација. Целта на проектот е да ја зголеми меѓудржавната соработка при откривањето и разоткривањето на климатски дезинформации притоа промовирајќи пристап до потврдени климатски информации.

Климатски факти Европа е повеќеслоен проект што вклучува база на податоци за европската јавност да може да и пребарува проверените факти поврзани со климатските дезинформации. Проектот, исто така, воспоставува систем за предупредување заради алармирање на учесничките организации за проверка на факти како и на Европската климатска фондација за виралните прекугранични кампањи за климатски дезинформации и наративи.

Покрај тоа, седум организации избрани од учесничките членови ќе изготват четири извештаи од подолг формат користејќи ги прекуграничните податоци што ќе се објавуваат еднаш месечно и кои ќе се однесуваат на широк спектар на климатски теми.

Фондацијата Метаморфозис, исто така, ќе изготви и авторски извештај на крајот од проектот, во кој ќе бидат анализирани теориите на заговор во климатските дезинформации на територијата на Западен Балкан, притоа осврнувајќи се и тематските специфики, но и на дезинформациските наративи во шесте држави во регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, а ќе бидат анализирани и разликите кај климатските дезинформации кои се шират во регионот и земјите членки на Европската унија. Овој извештај ќе биде еден од вкупно четири подолги извештаи кои ќе произлезат од овој проект, а притоа ќе се користат прекуграничните податоци поднесени од учесниците во базата на проверки на факти.

„Во текот на последниве неколку месеци веќе видовме дека дезинформациите поврзани со климата се едни од главните теми што ги одбележуваат Европските избори и тоа не влијае само на политичката дебата, туку и на дискусиите за посебни прашања како што се јавното здравје или граѓанските слободи. Со Климатски факти Европа ќе можеме длабински да го анализираме овој феномен и да алармираме кога ќе детектираме појава на лажни наративи“, рече Карлос ХернандезЕчивариа, Претседател на Управниот одбор на EFCSN.

Во меѓувреме, бидете информирани за трендовите на дизинформациите поврзани со климата и претплатете се гласнилото EFCSN’s newsletter, каде што ќе ги споделуваме дезинформациските наративи поврзани со климата што ќе ги идентификуваме и разоткриеме со помош на базата на податоци.

Климатски факти Европа е заеднички проект на Европската мрежа на стандарди при проверка на факти, ФОНДАЦИЈАТА МЕТАМОРФОЗИС и други учеснички-организации, поддржани од Европската климатска фондација (European Climate Foundation).

Пристапете до базата на податоци на climatefacts.efcsn.com. Повеќе информации за EFCSN има на нивниот website. Заследете ја EFCSN на X, Threads, и на LinkedIn за добивање на редовни ажурирани информации за нивните проекти.

Сподели: