Се приближува крајниот рок за пријавувањето на идеите за „Meet and Code 2018!“ – 15 септември 2018. Настаните кои што ќе се изберат ќе добијат грант од 300 евра за нивната организација!

Работилници за програмирање, хакатони, предавања, натпревари, ноќи за програмирање, часови за роботика, итн. Ова се само некои примери на настани кои можат да се организираат и да добијат грантови од 300 евра! Вашата имагинација е границата.

 

Пријавување на настаните до: 15.09.2018

www.meet-and-code.org

Регистрирајте ја вашата организација и пријавете го настанот

Дали сте непрофитна организација и би сакале да организирате настан каде ќе се промовира програмирањето за деца и млади на возраст од 8 до 24 години? Доколку имате идеја за настан ве охрабруваме да ја регистрирате вашата организација сега! Ќе треба да доставите документи за да докажете дека сте непрофитна организација (Статут на организацијата и Тековна состојба од ЦРМ), како и број на банкарската сметка на организацијата.

Пред да испратите идеја за некој настан, потребно е да креирате сметка на организацијата и да изберете корисничко име и лозинка. Благодарение на ова, корисникот ќе може да се логира во неговата сметка и да управува со неа. Секоја поднесен настан ќе се оценува во согласност со усвоените критериуми, а организацијата ќе биде информирана за одлуката преку е-пошта.

Услови за учество

Проверете кои се условите за аплицирање за грант за „Meet and Code“ и кои се критериумите за избор на доставените идеи.

Meet and Code Award („Meet and Code“ Награда)

Оваа година, „Meet and Code“ ќе ги наградува најдобрите настани и ќе ги прикаже нивните активности на поширокта публика. Наградите ќе се поделат во три категории:

  1. Kick and Code (тематска категорија)

Настани на „Meet and Code“ кои бараат решавање на некој ИТ проблем со фудбал или го користат фудбалот како тема за да го доближаат програмирањето до децата. Бараме настани кои ги поврзуваат овие две теми на креативен и корисен начин со цел да се достигне целната група и тие да се доближат до светот на програмирањето и новите технологии на ИТ.

  1. Innovation (Иновации)

Настани на „Meet and Code“ кои развиваат или промовираат креативни наставни методи и/или истражуваат тековни ИТ дигитални теми. Бараме настани кои на иновативен начин досегнуваат до целната група и ја поврзвуваат со темите поврзани со ИТ како и со настани кои избираат иновативни, ориентирани кон иднината и револуционерни технологии како Интернетот на нештата (IoT), Blockchain, AI, 3D печатење, итн.

  1. Diversity (Разновидност)

Настани на „Meet and Code“ кои користат ИТ или други дигитални теми за да ги справат со и намалат нееднаквостите присутни во нивните заедници или воопшто во општеството. Бараме настани кои ги зголемуваат еднаквите можности, промовираат толеранција и ги укинуваат нееднаквостите базирани на пол, раса, религија, попречености, општествен и економски статус итн.

Во секоја категорија ќе се изберат пет настани и двајца претставници од секоја организација ќе бидат поканети на дводневниот завршен настан во седиштето на SAP во Валдорф, Германија. Дополнително, добитникот на првата награда од секоја категорија ќе добие награда од 2.500 евра.

Ова иницијатива е развиена од „Haus des Stiftens gGmbH“ – Германија, а финансиски подржана од германската компанија САП, со седиште во Валдорф.

Доколку имате прашања или ви требаат дополнителни информации слободно контактирајте нè на: macedonia@meet-and-code.org (лице за контакт: Валон Абдиу, тел: 070-33-55-22).

Сподели: