Oбјавен e Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година, на седницата одржана на 17.5.2023 година утврди Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „ Партнерство за отворена власт” со цел да се обезбеди навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година.

Јавниот повик треба да овозможи консултации со јавноста и пријавување на засегнати страни за учество во процесот на консултација и креирање на Акцискиот план за ПОВ 2024-2026 година и вклучување во работни средби за една или повеќе приоритетни области (Борба против корупција, Развој и користење на дигитални технологии, Унапредување на активностите за климатските промени, Правно зајакнување и пристап до правда, Партиципативно донесување на одлуки и граѓанско учество, Отворено Судство и Отворен Парламент), во периодот на ко-креирање на Акцискиот план за ПОВ 2024-2026 година.

Учесниците својот придонес можат да го дадат преку учество во работни групи за консултација, по претходно утврден начин и динамика на работа. Временската рамка и активностите се достапни на следниот ЛИНК .

Пријавувањето за учество во процесот на консултација и ко-креирање на Акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година се врши по електронски пат, преку следниот ЛИНК. Рокот за поднесување на пријавите е 14.6.2023 година.

Фондацијата Метаморфозис е координатор на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт која претставува структура за координација на процесот на Партнерството за отворена власт во Северна Македонија (ПОВ) соодветно на меѓународното искуство, со цел подобрување на комуникацијата на сите вклучени страни и зајакнување на мониторингот и евалуацијата на активностите во рамките на ПОВ.

Сподели: