На 19.10.2023 година, во хотелот „Арка“ во Скопје се одржа конференцијата конференцијата „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“ со што симболично се заокружи проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект.

Конференцијата ja отворија: Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација на Северна Македонија, Мариа Канелополу, Прв советник во Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, Леонора Кадрији, генерален секретар на Агенцијата за заштита на лични податоци, Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис и Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружение Конект.

Во првата панел-дискусија, дел од офицерите за заштита на лични податоци што беа вклучени во проектот споделија како изгледа еден нивен работен ден, со кои предизвици се соочуваат и како успеваат да ги надминат.

Во последната сесија, претставници на Агенцијата за заштита на лични податоци, на граѓански организации и на приватниот секор диксутираа за можностите за меѓу-секторска соработка во насока на заштита на приватноста и на другите човекови права на интернет.

Целото видео од конференцијата можете да го најдете овде, а во галеријата споделуваме дел од атмосферата.

Сподели: