Почитувани,

По повод 30-ти ноември, “Меѓународниот ден за компјутерска безбедност”, Фондација Метаморфозис и Агенцијата за заштита на лични податоци со задоволство ве покануваат да бидете дел од промоцијата на едукативна веб-страница од областа на заштита на лични податоци.

Веб-страницата нуди ресурси и за граѓаните, и за компаниите, организациите и институциите кои обработуваат лични податоци; одговори на често поставувани прашања поврзани со заштита на личните податоци во различни животни ситуации; проверка на различни аспекти од системот за заштита на лични податоци и слично. Покрај ресурси, веб-страницата обезбедува и можност да го тестирате вашето знаење од областа на заштитата на личните податоци. Оваа веб-страница е развиена од Фондација Метаморфозис, во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци, градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската унија, како интегрален дел од веб-страницата на Агенцијата за заштита на лични податоци.

Презентацијата ќе се одржи онлајн, преку платформата ZOOM, во среда, на 29.11.2023 година, со почеток во 10 часот и ќе трае околу 45 минути. Сите што сакаат да учествуваат треба да го пополнат формуларот достапен овој линк.

Ги очекуваме вашите пријави!

Сподели: