Фондацијата Метаморфозис со задоволство ве поканува на меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните” којашто ќе се одржи од 04.04. до 05.04.2023 година. Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат и ќе се одржи во Хотел „Мериот“ (Скопје), каде што некои од учесниците ќе ја имаат можноста физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM.

Конференцијата се организира во духот на инклузивна и ефикасна дигитална трансформација заснована на потребите на граѓаните и на тој начин не остава простор за поткопување на човековите права и достоинства, ниту пак за дигиталната исклученост на ниедна заедница. На конференцијата ќе се обединат претставниците од институциите, граѓанскиот сектор, медиумите, академијата, активистите, практичарите и граѓаните овозможувајќи им да ја истражат дигиталната трансформација низ призмата на паметното е-Владеење, дигиталниот јаз, приватноста, вештачката интелигенција, сајберотпорноста и хибридното војување.

Агендата е достапна на следниот ЛИНК, а доколку сте заинтересирани за учество на конференцијата, ве молиме пополнете го регистрацискиот формулар најдоцна до 29.03.2023.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA” финансиски поддржан од Европската Унија.

Сподели: