Национална конференција за промовирање на активностите против говор на омраза ќе се одржи во петок (30.05.2014) во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза.
Настанот е организиран од Националниот комитет против говор на омраза, a поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје со цел претставување на активностите и ресурсите на сите национални институции и организации против говорот на омраза во Република Македонија.
На конференцијата ќе бидат претставени резултатите од активностите, а воедно ќе бидат дискутирани и натамошните активности, како и можности за натамошно воспоставување соработка меѓу вклучените страни.
Агенда на конференцијата:
10:00 | Воведно излагање (Томе Шеќерџиев, претставник од Мисијата на ОБСЕ во Скопје) Активности против говорот на омраза во Република Македонија |
10:15 | Националната кампања против говор на омраза : Цели и досегашни активности (Зорица Стаменковска, национален координатор на кампањата) |
10:30 | Претставување на активностите на Македонскиот Хелсиншки Комитет www.govornaomraza.mk (Уранија Пировска, извршен директор) |
10:45 | Претставување на активностите на Македонски Институт за Медиуми www.bezomrazno.mk (Билјана Петковска, директор) |
11:00 | Претставување на активностите на Метаморфозис www.nemrazi.mk (Филип Стојановски, програмски директор) |
11:15 | Говорот на омраза меѓу младите : Претставување на активностите на СПУКМ во рамки на Националната кампања против говор на омраза (Марија Василевска, генерален секретар на СПУКМ) |
11:30 | Говорот на омраза меѓу младите : Неформалното образование и критичкото размислување наспроти говорот на омраза (Марјан Забрчанец, извршен директор на МОФ) |
11:45 | Говорот на омраза меѓу политичките подмладоци: Претставување на активностите на Институт Охрид во рамки на Националната кампања против говор на омраза (Ружица Стојановска, проектен менаџер) |
12:00 | Прашања и дискусија за презентираните активности |
12:30 | Дискусија: – Слабости на досегашните активности – Натамошни предизвици |
Сподели: