Нацрт-текстот на Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија и нацрт-текстот на Акцискиот план се достапни за консултација со јавноста. На 1 август, 2023, на ЕНЕР (Единствен национален регистар на прописи на Република Северна Македонија) беа објавени нацрт-текстот за Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=64) и нацрт-текстот за Акцискиот план (https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=65). Рокот за давање на коментари и предлози преку платформата ЕНЕР е до 20 август, и сите засегнати страни се поканети да го дадат својот придонес во доменот на нивната експертиза или потреби, во зададениот рок.

Извор: Принтскрин од веб-страницата

Нацрт-текстот е продукт на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност составена од граѓански организации и институции, што е дел од поддршката која Фондација Метаморфозис ја дава во рамки на соработката со Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење и преку проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Стратегијата за транспарентност на Владата со акциски план е предвидена да биде спроведена во период од 2023-2026, и истата има за цел да даде нови насоки и принципи за подобрување на транспарентноста на институциите, истовремено продолжувајќи ги позитивните практики на соработка и активна транспарентност воспоставени со претходната стратегија.

Во рамки на консултативниот процес, во првата половина на септември ќе се организираат две јавни расправи со цел да се изгради заеднички и ефикасен пристап за исполнување на визијата за институции кои се целосно отворени и одговорни пред граѓаните.

————————————————————————————————————————————-

Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели: