Почнувајќи од 1 јули, тарифите за мобилните телефони не се менуваат дури и при преминување на националните граници на Западен Балкан. Овој процес беше воден од Советот за регионална соработка, а Мајлинда Брегу, како раководител на институцијата, изјави за SCAN TV дека ова е само почетна точка и како следен чекор, тие работат тарифите за роаминг да бидат исти дури и кога се патува во земјите-членки на ЕУ.

Извор: SCAN TV

Албанските граѓани и граѓаните од 6-те земји од Западен Балкан можат да патуваат на Балканскиот полуостров без дополнителни трошоци од телекомуникациските компании. Г-ѓа Брегу вели: „Почнувајќи од 1 јули, тарифите за роаминг на мобилни телефони ќе бидат еднакви на нула, со што истиот телекомуникациски режим ќе се спроведува во сите земји додека патувате во земјите на Западен Балкан. Ова е добра вест за сите и ни кажува за исполнето ветување во однос на регионалните договори. Покрај тоа, веруваме дека ова е одличен поттик дури и за младите и почетниците кои додека патуваат нема да мораат да ги менуваат своите мрежни избори и да поминуваат низ овие типови на непријатности, а ќе ги плаќаат истите трошоци за услугата. Понатаму, ова е само почетна точка на овој процес, бидејќи веќе ја започнавме работата за развој на акциониот план за спроведување на истата политика во поширок обем, со што ќе се намалат тарифите за роаминг за граѓаните на Западен Балкан додека патуваат во Европската унија.“

На прашањето во врска со состанокот на 22 јуни, каде се очекува одлука за процесот на преговори со Албанија и Северна Македонија, Брегу изјавува дека не само што е дојдено време, туку дека е веќе и доцна во однос на започнување на овој процес и секое следно одложување е штетно за сите засегнати страни.

„Со цел да не се ослаби важноста на едно од главните политички случувања во Европската унија на Западен Балкан, секој ден во кој се одложува позитивната одлука, не само што го прави процесот бавен, туку и ја отежнува работата на јавната администрација и тоа речиси го сведува на ирелевантно за креаторите на политиките, бидејќи на крајот на денот, политичките циклуси не траат петнаесет години. Ова им штети на граѓаните кои со секое следно одложување сѐ повеќе се разочаруваат, но во исто време го повредува регионот затоа што предизвикува потреба за иселување во земјите-членки на ЕУ,“ вели Брегу.

 

* Оваа статија е креирана како дел од регионалниот проект ICEDA кој се фокусира на зголемување на граѓанскиот ангажман на дигиталната агенда на Западен Балкан.

 

Сподели: