На 4 декември 2023 година, се одржа „Дијалози со медиумите“ – интерактивна работилница за комуникација со медиуми и проверка на факти на тема вакцинација, во рамките на проектот „Систем за управување со погрешни информации и дезинформации и новинарски брифинзи“ спроведуван од Метаморфозис Фондација за интернет и општество во партнерство со УНИЦЕФ и во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија а со финансиска поддршка од УСАИД.

Проектот има за цел развој и интегрирање на систем за управување со погрешни информации и дезинформации (Misinformation Management System – MMS) во Министерството за здравство со кој би им се овозможило на здравствените власти да ги идентификуваат и реагираат на мисинформациите, дезинформациите и информациските празнини врзани со вакцинација кои ја зголемуваат колебливоста во врска со вакцинацијата и влијаат на довербата во здравствените власти во Република Северна Македонија.

На работилницата беа презентирани најчестите и најупотребуваните аргументи и факти во справувањето со вакцинални дезинформации за потоа присутните здравствени работници, епидемиолози и новинари бидат дел од практични вежби за соработка и за справување со погрешни информации, дезинформации и информациски празнини врзани со вакцинација, по што беше следеше дискусија, споделување на знаења и вмрежување.

Оваа Активност е подготвена од страна на Метаморфозис Фондација за интернет и општество како дел од проектот Превенција и одговор на КОВИД-19 во Северна Македонија финансиран од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и поддржан од Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

 

Сподели: