На 23 и 24 ноември 2023 година, се одржа oбуката за имплементација на стандардни оперативни процедури за справување со мисинформации, дезинформации и информациски празнини врзани со вакцинација во рамките на проектот „Систем за управување со погрешни информации и дезинформации и новинарски брифинзи“ спроведуван од Метаморфозис Фондација за интернет и општество во партнерство со УНИЦЕФ и во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија а со финансиска поддршка од УСАИД.

Проектот има за цел развој и интегрирање на систем за управување со погрешни информации и дезинформации (Misinformation Management System – MMS) во Министерството за здравство со кој би им се овозможило на здравствените власти да ги идентификуваат и реагираат на мисинформациите, дезинформациите и информациските празнини врзани со вакцинација кои ја зголемуваат колебливоста во врска со вакцинацијата и влијаат на довербата во здравствените власти во Република Северна Македонија.

На присутните здравствени работници од здравствените домови од земјата им беше презентиран Системот за управување со погрешни информации и дезинформации, односно Misinformation Management System (MMS) и Стандардните оперативни процедури кои се однесуваат на процесот на социјално слушање (онлајн и офлајн) поврзано со вакцинација во рамките на MMS, на работата на Владиното експертско тело кое ќе биде одговорно за анализирање на извештаите што произлегуваат од ММS и изготвување на препораки за понатамошни активности и на дефинирање на одговорностите за имплементација на препораките.

Воедно, во рамките на обуката, претставниците на Метаморфозис презентираа што и колку се информира и дезинформира во врска со вакцините и вакцинацијата, како и кои се најчестите дезинформации за вакцините и кои се причините за нивната појава.

Оваа Активност е подготвена од страна на Метаморфозис Фондација за интернет и општество како дел од проектот Превенција и одговор на КОВИД-19 во Северна Македонија финансиран од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и поддржан од Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Сподели: