Фотографија од тренингот на националната мрежа

Обуката беше организирана и спроведена од Фондацијата Метаморфозис, од страна на националниот координатор на проектот, Елена Игнатова, а присуствуваа сите членки на националната мрежа за застапување при управување со е-отпад.

Некои од темите кои беа опфатени на обуката се:

  • Зошто електронските уреди и е-отпадот бараат посебен пристап
  • Како да се минимизира влијанието од е-отпадот
  • Состојбата со е-отпад во Македонија
  • Идентификување и анализирање на проблемот со е-отпад
  • Креирање на план за застапување
  • Планирање на јавна кампања за подигнување на јавната свест за е-отпад

Во наредниот период националната мрежа ќе спроведува јавна кампања за подигнување на свеста за последиците и проблемите со е-отпадот, како и за едуцирање за како правилно да се управува со него. Низ целата земја ќе бидат организирани повеќе од 30 јавни настани. Детали околу настаните и временска рамка на одржување очекувајте набрзо на оваа веб-страница.

Сподели: