На 16ти и 17ти мај, во просториите на Хотел Континентал, Скопје се одржна обука за ефикасно истражување и анализа за унапредување на целите на јавните политики и стратегиите за кампањи која ја проследија грантистите од проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“. На обуката присуствуваа претставници од сите мрежи вклучени во проектот.
За време на обуката, на учесниците им беше пренесено знаење за спроведување на истражувања, изработка на прашалници и анкети, а се обрна големо внимание на обработувањето и толкувањето на податоци добиени преку истражувања. Меѓу другото, грантистите имаа прилика да се запознаат со употребата на различни програми и онлајн алатки кои ќе им ја олеснат работата со податоците и нивната визуелизација и претставување. Учесниците работеа на повеќе практични вежби со цел подобро запознавање со материјалот кој теоретски им беше пренесен.
Оваа обука е трета по ред од циклусот превидени обукиво рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество”
.
Сподели: