Завршната конференција на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, ќе се одржи во петок, 19 јуни 2015 година во хотел Арка во Скопје, со почеток во 9:30 часот.
Проектот се спроведува од страна на Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а е финансиран со помош од Европската унија преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.
За да се пријавите за учество на конференцијата, пополнете го следниот формулар.
Агендата за настанот е достапна за преземање на следниот линк.
За дополнителни прашања и информации слободно контактирајте не.
Лице за контакт:
Адријана Селмани
Проектен асистент
мејл: adrijana@metamorphosis.org.mk
телефон: 02/ 3109 325
Сподели: