На 17.09.2016, во просториите на Фондацијата Метаморфозис се одржа обука за ефикасно користење на ИКТ алатки, на која присуствуваа 11 претставници на граѓанскиот сектор. На оваа обука беа презентирани и можностите за добивање на донации преку програмата TechSoup Balkans.
За време на презентацијата исто така се одви мини-работилница на која секој претставник имаше можност да сподели со присутните најдобри практики за одредени алатки.
Исто така присутните имаа можност да научат повеќе за начините како да менаџираат со фан страните на социјалните медиуми и онлајн промоција со цел да се постигне ефективност во работењето.
Оваа обука имаше за цел да поттикне развој на ИКТ технологиите во граѓанскиот сектор и примена на истите на соодветен начин.
Сподели: