Мени

Одржана презентација и работилница за изработка на отворени образовни ресурси во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“

На 31.10.2019, четвртокво основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, претставници на Фондацијата Метаморфозис одржаа презентација и работилница заедно со дел од наставничкиот колектив во рамките на проектот Отворени образовени ресурси (ООР). Преку презентацијата на концептите на ООР наставничкиот кадар се запозна со користа од примената на ваквиот концепт и погледнаа примери на редовно користење на отворените образовни ресурси во наставата. Така, наставниците добија појасна слика за ООР и се разви дискусија како тие може да ги користат овие предности при наставата во нивното училиште. Во рамките на работилницатаобучувачите покрај тоа што ги запознаа присутните со начините и алатките со кои може да создаваат отворени образовни ресурси, ист отака им посочија како да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци со цел нивно полесно споделување, но и заштита на дел од авторските права.

Работилницата беше од интерактивен карактер и сите присутни имаа можност да ги заштитат нивните образовни ресурсикако и да се обидат да создадат новикои се соодветно лиценцирани со Криејтив Комонс лиценците. Воедно, посебен осврт беше даден на создавање на Отворени образовни ресурси на јазиците на малцинските заедници, односно нивно создавање и споделување. 

Проектот „Отворено образовни ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.