На наше барање вчера, 20-ти ноември, во простории на Едукативниот центар на Парламентарниот институт, се одржа средба со Генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, каде што се презентираа резултатите од анализата за отвореноста на Собранието, преку проектот Accountability, Technology and Institutional Openness Network in SEE.
На средбата присуствуваа и претставници од стручната служба со цел да се дискутира за препораките за подобрување на состојбата во Собранието.
Индикаторите за пристапот до информации и за финансиската транспарентност се на исто ниво – оценети со 61 и 62% исполнување на индикаторите за отвореност. Поразително е што Собранието на својата веб страница го нема посочено офицерот за пристап до информации од јавен карактер, ниту ја ажурира и објавува на годишно ниво листата на информации од јавен карактер. Индикаторите за отвореност, во поглед на државниот буџет, се за 2% пониски од минатата година и со 27% исполнување претставува најслабиот резултат на Собранието. Во оваа смисла од особено значење е пратениците да ги продолжат заложбите од процесот „Жан Моне“ насочени токму кон буџетот, неговата независност и транспарентност.
Проектот се спроведува од страна на Metamorphosis Foundation.
Целата анализа може да ја најдете тука.
Сподели: