Помеѓу 15-17.10.2019 година беше одржана три-дневна обука “Социјални медиуми и визуелизации за поголема транспарентност и отчетност на институции” со претставници на грантисти и медиумски организации од третиот циклус од грантовата шема на ACTION SEE од Северна Македонија.

Целта на обуката беше градење на капацитетите на грантистите и медиумските организации за стратешка употреба на социјалните медиуми и визуелизирање на податоци кои ќе им помогнат на организациите подобро да ги споделат нивните пронајдоци и да ја подобрат нивната комуникација со нивните целни групи и останати засегнати страни. Покрај тоа, организациите добија можност за мрежно поврзување и подобрување на симбиозата помеѓу граѓанските и медиумските организации кои се корисници на овие грантови, што е и една од целите на проектот ACTION SEE.

Во рамки на проектот ACTION SEE – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа се доделени вкупно 35 грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци. Преку грантовата шема се опфатени над 70 граѓански организации и медиумски организации од шест држави и тоа од: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, и истите адресираат прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото.

Од Северна Македонија добитници на грантови од третиот циклус од грантовата шема на ACTION SEE се:

  • Здружение на млади и маргинализирани групи: Центар за интеграција и развој (https://cutt.ly/iesl6NF)
  • Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци (www.ini.org.mk)
  • Коалиција на граѓански здруженија „Сите за правично судење“ (all4fairtrials.org.mk)
  • Еко натура (www.ekonatyra.org)

Сподели: