Ве покануваме да бидете дел од вебинар на тема „Борба против Дезинформации“ кој ќе се одржи на 27 ноември од 11.00 до 12.30 часот.

За време на вебинарот преку интерактивни активности учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со современиот начин на создавање и ширење на дезинформациите и уште поважно со техниките како да се борат против нив.

На вебинарот може да учествуваат новинари кои сакаат да дознаат повеќе за тоа како да се борат против дезинформациите, уредници или сопственици на медиуми кои сакаат да ги заштитат своите медиуми и бизнис од дезинформативен напад, како и претставници од невладиниот сектор и тинк- тенк организации.

Вебинарот ќе го води Владимир Петрески кој е долгогодишен новинар и уредник. Во текот на последните 8 години тој е уредник за проверка на фактите во Фондацијата Метаморфозис, објавува проверки на факти за веб-страниците и проектите на организацијата, додека истовремено обучува новинари и активисти на невладини организации на теми како: методологии за проверка на фактите, препознавање и борба против говорот на омраза, законска рамка и слобода на говор.

Напомена: работниот јазик на вебинарот е англиски и може да учествуваат сите заинтересирани од Северна Македонија и Косово.

За деталите и за тоа како да аплицирате за учество на вебинарот следете го линкот.

Сподели: