Ве покануваме да бидете дел од Образовната програма заснована на проект, на тема „Борба против дезинформации“ која ќе се одржи од 13 до 26 јануари, 2021 година. Како дел од програмата предвидени се 4 сесии на следните датуми: 13, 18, 22 и 26 јануари, 2021 година од 14.00ч до 15.30ч.

Во текот на оваа обука, главно преку интерактивни активности, ќе бидете запознаени со современото милје на креирање дезинформации, нивната дистрибуција и, што е најважно, со начините и техниките како да им се спротивставите и преку директни, но и преку превентивни активности, како што се:

  • проверка на факти,
  • таргетирање на публики за градење на позитивни наративи,
  • возбудливо раскажување кое ќе ја заинтересира Вашата публика и
  • преземање чекори за заштита на Вашата организација од деструктивни напади кои содржат дезинформации
За време на програмата, учесниците ќе бидат охрабрени да дизајнираат свои реални кампањи базирани на борба против дезинформации. Најдобрата идеја ќе добие средства за имплементација.

Програмата ќе ја води Владимир Петрески кој е долгогодишен новинар и уредник, а од 2013 година е уредник на изданијата за проверка на факти во Фондацијата Метаморфозис: Сервисот за проверка на факти (proverkanafakti.mk – 2013-17 год.), Критинк (crithink.mk) и Вистиномер (vistinomer.mk). Тој истовремено работи и на обука на новинари и активисти од невладините организации во земјата и регионот на теми какви што се Методологија за проверка на факти, препознавање и борба против говор на омраза, слободата на говорот и неговите правни рамки, медиумска писменост, борба против дезинформации и друго.

Работен јазик на програмата е македонски.

За информации врзани со програмата следете го линкот.

Сподели: