Ве покануваме да бидете дел од образовната програма заснована на проект, на тема „Медиумска писменост на интернет“ која ќе се одржи од 30 Ноември до 18 Декември, 2020 година. Како дел од програмата предвидени се 4 сесии во следните датуми: 30 ноември, 4, 11 и 18 Декември, од 17.00ч до 18.30ч.
Главни цели на обуката се да ги охрабри учесниците:
- да ја разберат важноста на улогата и функцијата на медиумите во демократското општество;
- критичко да ја оценат медиумската содржина во светло на медиумската функција, испитување на локалните социјални медиуми и нивната тактика на дезинформација и поларизирање на содржината;
- да креираат пораки со кои ќе се спротивстават на дезинформациите, да се разбере важноста на соработката со медиумите за самоизразување и демократско учество, да се идентификуваат пропагандата и дезинформациите, лажните вести и штетните медиуми.
Учесниците во едукативната програма ќе имаат можност да подготват и предложат локални планови за акција кои ќе послужат за зголемување на отпорноста на заедниците кон дезинформации. Фондацијата Метаморфозис ќе обезбеди скромна финансиска поддршка и ќе го надгледува спроведувањето на најдобрите локални акциони планови.
Програмата ќе ја води Дрен Грегури кој е предавач на Катедрата за новинарство на Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“, новинар, овластен тренер на Techsoup, како и уредник на Европската опсервација за новинарство и Експерт за борба против дезинформации во невладината организација ЕдуМедиа во Косово.
Напомена: Работен јазик на вебинарот е англиски и може да учествуваат заинтересирани од Северна Македонија и Косово.
Повеќе детали за програмата на следниов линк
Сподели: