Конференцијата е завршен настан на четиригодишниот проект ACTION SEE (Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа) во кој 7 организации од Западен Балкан и Обединетото Кралство ги соединија своите напори за промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на властите во регионот на Југоисточна Европа. Основната цел на проектот е да се зголеми вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во процесите на донесување одлуки и креирање на јавното мислење и политики, како и да се зголеми капацитетот на граѓанските општества за решавање на чувствителни проблеми. Се очекува на конференцијата да присуствуваат околу 150 претставници на институции од Западен Балкан, граѓанското општество и медиумски организации, како и поединци од регионот на Западен Балкан.

За повеќе информации за Конференцијата и регистрација за учество одете на сајтот на e-Општество.мк

Сподели: