Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии се обраќаат до заинтересираните локални граѓански организации и медиуми со покана за учество на информативни сесии во врска со Програмата за мали грантови во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.
Конкурсот за мали грантови е првиот од двата циклуса на Програмата за мали грантови и е објавен на 1-ви јуни, а ќе биде отворен до 6-ти јули 2018 година. Во рамките на првиот циклус е предвидено да се доделат 8 грантови со кои ќе се поддржи по еден проект од 8-те плански региони во Македонија. Вкупниот буџет за грантови во првиот циклус изнесува 50.000 евра, односно ќе бидат доделени поединечни грантови во износ помеѓу 5.000 и 7.000 евра.
Детални информации за проектот и Програмата за мали грантови се достапни на веб-локациите на партнерите и на веб-локацијата на проектот http://crithink.mk/
Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.
Специфичните цели на проектот се:
- Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности.
- Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.
- Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување
Со цел да ја приближи и да ја дообјасни Програмата за мали грантови и самиот проект до сите заинтересирани, Метаморфозис и Евротинк организираат информативни сесии во градовите од 8-те плански региони во Македонија.
Точниот распоред на информативните сесии се во табелата подолу:
Град | Датум и час | Локација на настан |
Тетово | 11.06.18г; 10:30ч. | НВО Лоја, ул Илинденска бр. 18А |
Струга | 11.06.18г; 15:30ч. | х. Дрим |
Битола | 12.06.18г; 11:00ч. | Младински културен центар, Битола, ул. Цар Самоил бр. 29 |
Велес | 12.06.18г; 15:30ч | НВО центар, ул. Трајче Панов бр. 22 |
Куманово | 13.06.18г; 12:00ч | општина Куманово |
Штип | 14.06.18г; 11:00ч | х. Оаза |
Струмица | 14.06.18г; 16:30ч | Центар на заедниците |
Скопје | 19.06.18г. 11:00ч | Граѓански ресурсен центар, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 50 (во близина на ЕУ Инфоцентар) |
Сподели: