На 28 октомври од 14 часот, во рамки на Деновите на медиумска писменост, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка на Европската Унија, организира јавна панел дискусија на која ќе се анализираат резултатите од истражувања за медиумска писменост и критичко мислење спроведени во претходната година, како и искуствата од терен за едукација во оваа област.
Во рамки на настанот за прв пат ќе бидат претставени резултатите на истражувањето спроведено во рамки на „КриТинк“ за односот на новинарите кон медиумската писменост.
Панелот ќе овозможи компаративна дискусија врз основа на сознанијата од истражувањата спроведени за АААВМУ од страна на РЕСИС за користењето на медиумите и родовите аспекти во програмите, како и студиите на МИМ и ЦИВИЛ за говорот на омраза и другите форми на злоупотреби на медиумскиот простор.
Панелисти на настанот:
- Иван Стефановски, Центар за европски стратегии – Евротинк
- Весна Никодиноска, Македонски институт за медиуми – МИМ
- Ѓорѓи Митревски, Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС
- Игор Мицевски, Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС
- Петрит Сарачини, ЦИВИЛ – Центар за слобода
Модератор: Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис
Панелот освен разговор меѓу панелистите ќе овозможи и дијалози со публиката, преку можнности за поставување прашања или искажување мислење од страна на сите учесници.
Настанот ќе биде е отворен за јавноста и ќе се одвива онлајн преку платформата Зум, а ќе се емитува и во живо преку Фејсбук-страницата на „КриТинк“.
Zoom Meeting:
https://techsoupglobal.zoom.us/j/99186510882?pwd=OTBnekIya1BhOWdjQ1djQ3QwRmxJdz09
Meeting ID: 991 8651 0882
Passcode: 736909
Сподели: