Фондација за интернет и општество – Метаморфозис во рамките на проектот „Заштита на човековите права во ера на вештачка интелигенција“ спроведува неколку активности, односно истражување на ефектот на новите технологии со особен фокус на вештачката интелигенција врз човековите права, развој на етички стандарди за развој и примена на вештачката интелигенција и обуки за претставници на граѓански организации на теми од наведените области.

Главната цел на проектот е да се процени ефектот на новите технологии со особен фокус на развојот и користењето на вештачката интелигенција врз човековите права. Во поширока смисла, да се придонесе кон заштитата на човековите права во политиките поврзани со вештачката интелигенција преку натамошно застапување и развивање на капацитетите на целните групи но и преку реализирање на активности за подигнување на јавната свест.

Граѓанските организации се препознаени како клучни актери во делот за застапување, поддршка и развивање на капацитетите на одделни целни групи и подигнувањето на свеста за придобивките но и ризиците од користењето на новите технологии и нивното влијание врз човековите права. Во рамки на проектот беше направена анализа на потребите на граѓанските организации од обуки за влијанието на вештачката интелигенција врз остварувањето на дигиталните права а со цел креирање на соодветни содржини за обуки.

Image by Freepik

Па оттука, Фондацијата Метаморфозис планира три еднодневни обуки на тема „Влијанието на новите технологии врз остварувањето на дигиталните права” за претставници на граѓанските организации, особено оние што работат со маргинализирани групи. Обуките се планирани да се одржат во Скопје на 12 февруари, 23 февруари и на почетокот на март 2024 година. Агендата за обуката е достапна тука.

Целта на обуката е да им овозможи на претставниците на граѓанските организации да го унапредат своето знаење за влијанието на новите технологии врз човековите права на интернет и да ги зајакнат своите компетенции при споделувањето на своите грижи со носителите на одлуки, како и да ги едуцираат своите целни групи за потенцијалните ризици за нивните човекови права онлајн наметнати од новите технологии.

Формуларот за пријавување за првите две обуки е достапен на следниот линк.

Пријавувањето на учесници е до среда, 7 февруари, 16:00 часот.

За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат подмирени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет со задолжително доставување на оригиналната патна документација, и тоа автобуски или возен билет со фискална сметка или фискална сметка за гориво и патарини (доколку на тој патен правец има патарини). Приложената патна документација мора да биде со датум на самиот настан или максимум еден ден претходно. Патната документација со датум неколку дена пред/по настанот нема да биде признаена.

 

Активностите се дел од проектот „Заштита на човековите права во ера на вештачка интелигенција“ што го спроведува Фондација за интернет и општество – Метаморфозис, со финансиска поддршка од Американска адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото (ABA ROLI – American Bar Association – Rule of Law Initiative).

 

Сподели: