Во рамките на проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во Република Северна Македонија“, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на експерт за подготовка на Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија и државните институции.
Ги покануваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите наведени во повикот да аплицираат онлајн, на наведениот e-mail во самиот повик.
Начин на аплицирање: со испраќање на кратка биографија (CV), финансиска понуда и примерок од претходно изработени анализи на слични или иста тема, испратени до marijana@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 23.2.2023, 16:00 часот.
Сите детали се достапни на следниот линк: ToR Стратегија за транспарентност и Анекс 1 – финансиска понуда.
Повикот е отворен од денес, 14.2.2023 до 23.2.2023, 16:00 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени предвид.
Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.
Сподели: