Во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екосистем“, кофинансиран од Европската унија, Фондација Метаморфозис и Здружение Конект спроведуваат истражување за запознаеноста на граѓаните со правата на заштита на личните податоци и на приватноста, како и потребите и навиките поврзани со користењето интернет и електронски алатки.

Ги покануваме сите заинтересирани лица да дадат свој придонес кон истражувањето преку пополнување на прашалникот достапен на овој линк: Линк до прашалник најдоцна до 20 март (недела). Збирните резултати од истражувањето ќе бидат искористени за планирање и организирање на понатамошните активности во рамки на проектот.

Ви благодариме за придонесот!

Преземено од pixabay.com

Сподели: