На 26 септември, во Хотел Центре Виле во Подгорица, Црна Гора, се одржа конференцијата со наслов: „Отвореност на институциите на извршната и законодавна власт во регионот и Црна Гора: Форма без суштина“ каде што беа презентирани резултатите од истражувањето за отвореноста на извршната и законодавната власт во регионот. Истражувањето е спроведено во рамките на проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа, со поддршка од Европската Унија и проект поддржан од National Endowment for Democracy.

Министерката за јавна администрација, Сузана Прибиловиќ, и претседателката на Центар за демократска транзиција, Милица Ковачевиќ, ја отворија конференцијата со споделување на регоналните резултати во поглед на институционалната отвореност на извршната и законодавна власт во регионот, нагласувајќи ги општите препораки за подобрување. Милица Ковачевиќ дополнително ја истакна важноста на отвореноста на властите како еден од основните столбови на доброто владеење и како главно обележје на еднодемократско општество.

Говорниците на конференцијата ги споделија своите впечатоци од достапноста и расположението за соработка на институциите, резултатите од последните мерењата на институционална отвореност и влијанието на отвореноста на институциите од страна на меѓународните иницијативи како што е иницијативата Отворено владино партнерство. Мила Јосифовска, Фондација Метаморфозис, изјави дека кога станува збор за унапредувањето на отвореноста на институциите, иако се забележува напредок, има потреба од системски пристап за пронаоѓање на решение и козистентност, но и дека тој системски пристап треба да се фокусира на целокупниот процес и можностите која таа држава ги има, наспроти само идентификување и реплицирање на добри практики.

Резултати од истражувањето

За отвореноста на извршните власти во регионот зборуваа претставници од Центарот за демократска транзиција – ЦДТ од Црна Гора, Зошто не? од Босна и Херцеговина, ЦРТА – Центар за истражување, транспарентност и отчетност од Србија и Фондација Метаморфозис од Северна Македонија.

Отвореноста на извршните власти во регионот бележи благ напредок, но и понатаму има голем простор за напредок. Во просек, извршните власти исполнуваат 49% од индикаторите за отвореност, меѓу кои на прво место во регионот се извршните власти на Црна Гора со вкупно исполнување на 62% од индикаторите. По неа следува Северна Македонија со 53% исполнителност на индикаторите за отвореност, Србија со 43%, и Босна и Херцеговина со 35%.

Меѓутоа, затвореноста на институциите повторно е забележана на повеќе полиња а тоа воглавно се должи на, исто како и минатата година, (не)објавување на податоци во отворен формат, достапност на документи и акти кои се дискутираат на владини седници и целосно спроведување на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Сподели: