На 01.11.2019, во основното училиште „Кирил и Методиј“ во с.Кучевиште се одржа презентација и работилница во рамките на проектот Отворени Образовни Ресурси, кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис. Ова е втора ваква работилница реализирана во рамки на проектот, преку кој наставниот кадар се запознава со концептите на ООР, нивната корисност и примери каде истите редовно се користат во наставата. Во рамките на работилницата, обучувачите ги запознаа присутните со начините и алатките со кои може да создаваат отворени образовни ресурси, како и истите да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци
![]()
Работилницата беше од интерактивен карактер и сите присутни имаа можност да ги заштитат нивните образовни ресурси, како и да се обучат да создадат нови, кои се соодветно лиценцирани со Криејтив Комонс лиценците. Посебен осврт беше даден на создавање на Отворени Образовни Ресурси на јазиците на малцинските заедници.
![]()
Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.
Сподели: