Денес се одржа работна средба помеѓу г. Флорент Бајрами – Проект координаторот на проектот СТЕП и г. Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции. На средбата на г. Битиќи му беа лично предадени препораките на проектот СТЕП кои се однесуваат на надминување на предизвиците со кои се соочуваат туристичките работници во двата региони, со цел подобрување на прекуграничната туристичка соработка. Исто така беше запознаен и со постигнатите резултати на проектот СТЕП.
Вицепремиерот за економски прашања г. Битиќи истакна дека тој и претходно бил запознаен со работата на проектот СТЕП, ги пофали досегашните резултати, и спомна дека во иднина ќе се залага дел од препораките да бидат земени во предвид што се однесува на развој на регионот Полог и прекуграничната соработка.
Сподели: