logo_quadri_webНа работилниците учествуваа вкупно 39 учесника кои претходно ја поминаа обуката за користење на блогови и социјални медиуми за застапување на каузи. Некои учесници работеа сами, а дел од нив се поделија во групи од по двајца или тројца. Како резултат на двете работилници се креираа вкупно 25 дигитални приказни.

 

Секоја работилница траеше по 4 дена и ја имаше следнава агенда:    

Ден 1:

  • Запознавање со концептот и методологијата на работа
  • Размена на идеи и пишување на приказните
  • Читање на приказните во круг и дискутирање
  • Финализирање на напишаните приказни

Ден 2:

  • Снимање на приказните во аудио формат и нивна обработка со Audacity
  • Изработка на Storyboard
  • Интернет пребарување: фотографии, графики и музика преку Creative Commons
  • Поврзување на нарацијата со избраната музичка подлога во една целина

Ден 3:

  • Обработка на фотографиите со користење на Google Picasa
  • Креирање на илустрации и цртежи со Paint
  • Импортирање на мултимедијалните содржини во Windows Movie Maker/Windows Live Movie Maker
  • Финализирање на видео приказните

Ден 4: Презентација на сите изработени приказни и давање согласност за нивна понатамошна употреба од страна на учесниците

Приказните беа на разни теми и за поддршка на различни каузи: од приказни за еколошката свест и новиот закон против пушењето, преку стории за зачувување на македонскиот јазик и начинот на кој информираат медиумите, па се до лични и туѓи искуства за некои меѓуетнички проблеми, информирање за СИДА-та, за нетрпеливоста која се раѓа помеѓу жителите на два соседни града, за возвишеното чувство кое произлегува од работата со стари лица итн.

Во продолжение, погледнете неколку приказни од учесниците на работилниците:

„Меѓуетнички соживот???“ – изработена од двајца од авторите на блогот tolerancija.kauza.mk

 

„Живеј позитивно – БИДИ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ!“ – изработено од авторот на блогот vegetarijanstvo.kauza.mk

„Тетоважите – уметност за восхитување или причина за етикетирање??“ – изработена од еден од авторите на блогот sovremenaumetnost.kauza.mk 

„Два пати мисли, еднаш објави“ – изработена од авторите на блогот: novinarstvo.kauza.mk

Работилниците ги реализираше Фондацијата Метаморфозис, а обучувачи беа Ирина Шумадиева и Елена Игнатова.

Сподели: