Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со задоволство Ве информира дека на 25 и 26 ноември, 2020 година ќе се одржи 16-то издание на конференцијата е-Општество на тема “Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот“. Оваа година настанот ќе се одржи online преку платформата ZOOM.
На конференцијата ќе учествуваат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко за да ги споделат своите ставови и размислувања на темата Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот. Конференцијата ќе понуди можност да се слушнат уникатни перспективи и да се учествува во енергични дискусии врзани со предизвиците и можностите на интернет за подобрување на јавните услуги и подобрување на управувањето.
Ве покануваме и Вие да бидете дел од конференцијата е-Општество. Настанот е отворен за јавноста и Ве охрабруваме да ја споделите информацијата со Вашите партнери и соработници доколку сметате дека темата ќе побуди интерес кај нив.
Агендата за настанот и формуларот за регистрација може да го најдете на веб-страната на е-Општество
Сподели: