Good Governance / ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа / Настани
Средба на партнерите во проектот ACTION SEE во Подгорица
27.04.2017
На 24 април 2017, во Инфо Центар во Подгорица, Црна Гора одржа третата средба на партнерите во проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа. На состанокот присуствуваа претставници од Фондација Метаморфозис која е воедно и координатор на проектот, како и партнерските организации – Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.
На средбата се дискутираа регионалните резултати од истражувањето за Индексот на отвореност на институциите, како и идните чекори и активности во проектот.
Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.
Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.