Двајца претставници на Фондација Метаморфозис, Филип Стојановски и Весна Радиновска, учествуваа на самитот за слобода на интернет организиран од страна на Иницијативата за владеење на правото при Американската адвокатска комора (ABA ROLI) што се одржа во Охрид, во периодот од 1-ви до 3-ти ноември 2023 година.

Во рамки на самитот, се одржаа 10-тина сесии во различни формати: презентации, панел-дисскусии, предавања, дебати и слично кои обезбедија одлични можности за дискусија и информирање за тековните процеси и предизвици поврзани со заштитата на приватноста и личните податоци, слободата на изразување и другите човекови права на интернет, користењето и регулацијата на новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција во земјите во регионот, но и на глобално ниво. На настанот учествуваа 40-тина претставници на граѓанското општество, јавни институции, медиуми, активисти за човекови права, академска заедница, експерти за дигитални права, и т.н од Македонија, Србија, Молдавија и Романија.

 

Сподели: