Краток преглед на регулативата на ЕУ во однос на онлајн дезинформации
Дезинформацијата предизвикува бројни штетни општествени последици, како на пример: нарушување на безбедноста; подривање на изборниот систем и процес; поттикнување недоверба во институциите; но, од правен аспект таа претставува директно нарушување на слободата на мислење и изразување – основно право втемелено во Повелбата за темелните права на Европската унија (Charter of Fundamental Rights of the European Union).
Препознавајќи дека борбата против дезинформирањето треба да е сеопфатна и на повеќе нивоа, Европската Комисија на крајот на 2017 година воспостави Експертска група која ќе го истражи овој феномен и ќе ја советува на темата. Групата составена од 39 експерти – претставници на медиуми, онлајн платформи, граѓанско општество и научни институции, помогна во воспоставување на клучните критериуми на кои ќе се базира идниот Кодекс на однесување (Code of Practice on Desinformation). Истовремено, Комисијата започна сеопфатен процес на јавна консултација преку онлајн прашалници, структуриран дијалог со засегнатите страни, како и анкета на Евробарометар – со којa беа анкетирани 26.500,00 индивидуи од 28 земји – членки. Од работата на Експертската група произлезе Извештај (Report of the independent High level Group on fake news and online disinformation) според кој, дезинформацијата како феномен ја надминува рамката на “лажни вести”, и е дефинирана како “секоја форма на лажна, неточна, или, на информација која доведува во заблуда, креирана, прикажана или промовирана за намерно да предизвика јавна штета, или заради добивка”.
Како резултат на целокупниот процес, во 2018 година е потпишан Кодекс на однесување во борбата против дезинформации (Code of Practice on Disinformation). Имено, претставници на онлајн платформи, најпопуларни социјални медиуми и рекламни агенции, своеволно го потпишаа Кодексот и за прв пат се подложија на сет од саморегулирачки стандарди во борба против дезинформирањето. Кодексот е насочен кон постигнување на целите утврдени во Комуникација на Комисијата од 26.04.2018 (The Communication “Tackling online disinformation: a European approach”). Тие цели имаат широк опфат – од транспарентност во политичкото рекламирање, до затворање на лажни профили/сметки и нивно демонетизирање во случај на дезинформации. Потписниците на Кодексот детално ги прикажаа своите планови во кои области ќе преземат мерки. Во тие мерки спаѓаат веќе споменатите за транспарентност при политичко рекламирање, но и едукација на пошироката јавност да алармира кога ќе наиде на дезинформации, да следи различни извори на информации, како и заложба на потписниците за промовирање на истражувачката активност во однос на информирањето.
Понатаму, од Кодексот произлегоа обврски за базични, месечни и годишни извештаи од секој потписник. А поконкретно, во првата половина на 2019 година, Европската Комисија таргетирано го следеше спроведувањето на обврските на неколку потписници (Facebooк, Google, Twitter), особено со оглед на изборите за Европскиот Парламент таа година.
За време на пробниот период од 12 месеци, Комисијата ја оценуваше ефективноста на Кодексот. Во септември 2020 е објавена оценката за ефективноста од имплементирањето на Кодексот и е утврдено дека е корисен инструмент, но и дека има некои недостатоци кои треба да се корегираат. Ова особено се однесува на соодветно мониторирање, појасни процедури, како и посеопфатни и попрецизни заложби и обврски од страна на потписниците.
Неизбежниот импакт кој го има пандемијата со Ковид 19 врз информирањето, односно дезинформирањето, ги поттикна институциите на ЕУ да објават Заедничка комуникација (Joint communication to the European Parliament, the European Council, the Council, the European Economic and Social Committee and the Committee of the Regions Tackling COVID-19 disinformation – Getting the facts right). Во неа се изложени мерките за понатамошна борба против дезинформирањето, преку подобрување на соработката и координацијата на земјите – членки, подобрување на постоечките механизми, соработка со граѓанскиот сектор, формирање посебен оддел во рамките на Системот за брзо алармирање, и други мерки.
Преку Европскиот акциски план за демократија (European Democracy Action Plan) и Правилникот за дигитални услуги (Digital Services Act), Европската Комисија има за цел да го подобри Кодексот, формирајќи поцврста рамка на обврски и поголема отчетност за сите потписници.
Во меѓувреме, Комисијата се залага дека пролетта 2021 ќе објави прирачник со цел за подобрување на постоечкиот Кодекс на однесување.
Оваа статија е поддржана од страна на Фондацијата Метаморфозис и Techsoup. Гледиштата изразени во оваа публикација се на авторот и не ги одразуваат секогаш гледиштата на Фондацијата Метаморфозис и Techsoup и C3I.
Текстот е преземен од: Cyber Security, Corporate Security and Crisis Management Initiative
Сподели:
Останати блог текстови
"Дојавите ги направија анксиозни средношколците и им создадоа „дупки“ во знаењата" - Новинска агенција Мета.мк
29.03.2023
Фото: Архива на Мета.мк Послаби постигања и недостаток на знаења, пад во концентрацијата, анксиозност и стрес и кај учениците и кај наставниците. Ова се последиците врз учениците до кои доведоа лажните дојави за бомби, кои со месеци речиси секојдневно го прекинуваа образовниот процес. Изминативе неколку недели дојави нема, откако училишните раководства почнаа да го применуваат […]
"Шемата на лажните дојави за бомби: 905 закани, oсум градови, 76 електронски адреси [инфографик]" - Новинска агенција Мета.мк
28.03.2023
Фото: Мета.мк Пишуваат: Мери Јордановска и Антонија Поповска Осум градови, вкупно 905 лажни дојави за бомби, од кои 876 биле во основни и во средни училишта. Речиси третина од дојавите се случиле во среда, а најретко дојави имало во понеделник. Февруари бил месец на најмногу дојави – само пет дена во текот на училишната […]
"Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]" - Новинска агенција Мета.мк
27.03.2023
Електронски извод од матична книга на родените, фотографија од Pixabay, обработена од Portalb.mk Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично, односно со физичко присуство. Од друга страна, има нагорен тренд кај бројот на […]
Неодамнешно гледиште во поглед на сајбербезбедноста во Западен Балкан: Како можеме да го подобриме нивото на сајбербезбедност во регионот?
24.02.2023
Дигитализацијата и сајбербезбедноста се некои од поактуелните теми во Западен Балкан (ЗБ). Целиот регион официјално ја покажа својата посветеност кон дигитализацијата како процес во 2018 година со преземање на Дигиталната агенда за Западен Балкан, директно поддржана од Европската комисија. Еден од четирите столба на Дигиталната агенда за Западен Балкан е зголемување на сајбербезбедноста, довербата и […]
Што е дигитален идентитет и зошто ни е потребен?
14.02.2023
Забрзаниот напредок на технологијата го истакна нејзиното огромно влијание врз нашиот секојдневен живот во смисла на обезбедување брзи решенија што се лесни за употреба во поглед на нашите потреби. Тој влијаеше и врз начинот на кој го гледаме светот и се развиваме како општество, но и како и поединци. Владите ги прифатија процесите на дигитализација […]
„Иднината на масовниот надзор во Србија? – Global Voices
09.02.2023
Од 2019 година, српските организации за дигитални права предупредуваат против системот за надзор. Фотографија на м-р Ана Тоскиќ-Цветиновиќ, обезбедена од авторот и одобрена за употреба. Оваа статија е напишана од Ана Тоскиќ–Цветиновиќ, извршен директор на граѓанската организација Партнери за демократски промени на Србија, член на мрежата за зголемување на граѓанскиот ангажман во дигиталната агенда (ICEDA). […]