mediumski-item-img-1.png

12.07.2010

Одржана обука за користење на DSpace на Економски институт

На 8 јули, на Економскиот институт се одржа обука за користење на DSpace. Целта беше подготовка на кадарот за уредување и полнење на дигиталното складиште на институтот кое во наредниот период ќе стане достапно за целата јавност. Обуката ја проследија 6 луѓе од персоналот на институтот кои понатаму ќе имаат улога во осмислување на структурата […]

mediumski-item-img-1.png

07.07.2010

Проект МЕК: Одржана обука за односи со јавност

На 3 и 4 јули 2010 година во Струга Фондацијата Метаморфозис ја одржа обуката за односи со јавноста наменета за членовите на Комисиите за односи меѓу заедниците и општински службеници од четирите пилот-општини од проектот МЕК.

mediumski-item-img-1.png

29.06.2010

Заврши обуката за мултимедија и нови медиуми за млади новинари

Во два циклуса, Фондацијата Метаморфозис спроведе обука за мултимедија и нови медиуми за млади новинари. Првиот циклус се случуваше викендот на 5 и 6 јуни, а вториот викендот на 19 и 20 јуни. На обуката учествуваат 7 новинари, на кои по извршено тестирање им беа доделени сертификати за успешно совладување на материјата. Целта на обуката е подготовка на новинарите од традиционалните медиуми за успешно вклучување во процесот на дигитализација и спремност за користење на сите технолошки предизвици кои стануваат потреба во нивната професија.

mediumski-item-img-1.png

10.06.2010

Обука за мултимедија и нови медиуми за млади новинари

Минатиот викенд (05.06.2010 и 06.06.2010), во училницата на фондацијата Метаморфозис, се одржа првиот дел од обуката за користење на технички уреди, мултимедија и нови медиуми во новинарството.

mediumski-item-img-1.png

31.05.2010

Се одржаа работилниците за дигитално раскажување приказни

Од 21 до 28 мај се одржаа две последователни работилници за дигитално раскажување приказни во рамките на Проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, во синергија со претходно извршените обуки во рамки на проектот Социјални медиуми за демократија.

mediumski-item-img-1.png

05.05.2010

Работилница „Раскажувачи“

На 06.05. во просториите на Метаморфозис се одржа работилница на Cre8ive8 во рамките на проектот „Раскажувачи“, а беше водена од Весна Илиевска, која е координатор на проектот.

mediumski-item-img-1.png

04.05.2010

Се одржа третата обука за блогирање и користење на социјални медиуми

Третата обука од проектот „Социјални медиуми за демократија“ се одржа во периодот 27-30 април, во Кочани. На обуката присуствуваа 35 учесници од Скопје, Тетово, Ресен, Штип, Дебар, Виница, Неготино и Демир Капија.

mediumski-item-img-1.png

22.04.2010

Се одржаа вторите обуки од проектот „Социјални медиуми за демократија“

Минатата недела, 7 нови учесници на обуките за блогирање и користење на социјални медиуми како алатки за застапување стекнаа технички и лидерски вештини за водење блогови за кауза.

mediumski-item-img-1.png

12.03.2010

Повик за пријавување на учество во обуки за користење на социјални медиуми за демократија

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Младинскиот образовен форум, во рамките на проектот „Социјални медиуми за демократија“, објавува повик за пријавување учество во обуки со кои учесниците ќе добијат вештини за застапување на каузи според нивните интереси и верувања. На тој начин ќе се овозможи промовирање на демократските вредности во Македонија преку користење на новите медиуми.

mediumski-item-img-1.png

19.02.2010

Одржана работилница за дигитални приказни во Долна Нормандија

Во периодот 9-11 февруари, во градот Каен, Долна Нормандија, се одржа работилница за дигитално раскажување приказни на тема: „Како јас придонесувам за унапредувањето на мојата заедница?“

mediumski-item-img-1.png

29.09.2009

Работилница за музичкиот софтвер Аблетон

Во просториите на Фондацијата Метаморфозис на 29 и 30 септември ќе се одржи работилница за музичкиот софтвер Ableton, како дел од de:sonanz фестивалот.

mediumski-item-img-1.png

22.07.2009

Реализирани обуките за блогирање

Во текот на последниве два месеци, Фондацијата Метаморфозис реализираше 9 обуки за блогирање наменети за претставници од невладиниот сектор и други граѓани од Македонија.